Индустриското производство бележи пад од 1,5 проценти за месец август во споредба со истиот месец минатата година, а во однос на месец јули оваа година бележи пад од 2,2 отсто. Индустриското производство во секторот за вадење на руди и камен за август во споредба со истиот период минатата година, бележи пораст од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија регистриран е пад од 1,9 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи опаѓање од 0,2 отсто. Според главните индустриски групи, производството во август оваа година во споредба со истиот месец минатата година бележи пораст кај енергијата за 8,1 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 12,5 отсто. Опаѓање е забележано кај интермедијарни производи и тоа за 14,8 отсто, капитални производи за 24 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.
Индустриското производство бележи пад од 1,5 проценти за месец август во споредба со истиот месец минатата година, а во однос на месец јули оваа година бележи пад од 2,2 отсто.
Индустриското производство во секторот за вадење на руди и камен за август во споредба со истиот период минатата година, бележи пораст од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија регистриран е пад од 1,9 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи опаѓање од 0,2 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во август оваа година во споредба со истиот месец минатата година бележи пораст кај енергијата за 8,1 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 12,5 отсто.
Опаѓање е забележано кај интермедијарни производи и тоа за 14,8 отсто, капитални производи за 24 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.
Индустриското производство во периодот од јануари до август 2010 споредено со истиот период лани е во пад од три отсто.